Овој софтвер e експертски систем базиран на принципите на вештачка интелигенција (Повеќе информации околу системот ќе најдете во менито Опции -> За нас. Препораките што ги дава системот се од информативна природа, со цел да добиете индикатори колку би Ви било исплатливо доколку инвестирате во производство на пелети од слама или во користење на пелети од слама за загревање. Пресметките што ги прави софтверот се базирани на просечни цени на опрема во земјите на Европската унија или земјите од Западен Балкан. По добиената препорака на системот Ве советуваме да изработите детален бизнис план со прецизни индикатори за вашата локација, капацитет, цени на конкретен вид опрема и сл. Пример од бизнис план можете да најдете на порталот strawpower.eu во делот Технички студии.

Препораките на софтверот се воглавно наменети за мали и средни земјоделски производители/стопанства кај кои производството на пелети би било дополнителна комерцијална дејност или дејност за сопствени потреби. За големи индустриски постројки за производство на пелети Ве советуваме да изработите наменски бизнис план и анализи, за што повеќе информации можете да најдете на порталот strawpower.eu во делот Технички студии.

Изработувачот за софтверот и имплементаторите на проектот STRAWPOWER не сносат никаква одговорност за штетите предизвикани од користењето на овој софтвер.






Проектот е кофинансиран од Европска Унија и националните фондови на земјите учеснички во ИПА програмата