Главната цел на проектот е да се придонесе кон економскиот развој на руралните области во пограничниот регион преку економски одржлива употреба на  земјоделскиот отпад – биомаса за производство на пелети. За постигнување на целта ќе се презентираат примери од најдобри практики и пилот инсталација за производство и користење на пелети од земјоделска отпадна биомаса (слама).

Проектот ги има следните специфични цели:

  • Да се развие комерцијална инфраструктура за производство, промоција и продажба на пелети од слама;
  • Да се демонстрира производството и употребата на пелети од слама, преку изградба на пилот инсталација која ќе се користи за загревање на дел од јавните установи и згради во општина Могила;
  • Да се иницира пазар за отпадната биомаса од земјоделството (пред се сламата), врз основа на склучување на договори за набавка на слама за производство на пелети за потребите на пилот инсталацијата за греење на дел од јавните згради во општина Могила;
  • Да спроведе обука, споделат информации и трансфер на технологија за производство и употреба на пелети од слама.