Проектот STRAWPOWER е прв чекор во развој на пазарот на отпадна биомаса од земјоделието (слама) во пограничниот регион помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Со имплементацијата на проектот STRAWPOWER се реализира:

а) Пилот инсталација во Могила за демонстрација на економските, социјалните и еколошките придобивки од користењето на слама за производство на употребата на пелетите од слама за греење.

б) Три технички студии за идентификување на оптималните “локални решенија” за искористување на сламата (отпадната биомаса од земјоделито) за производство на пелети, односно како гориво за греење.

в) Анализа на пазарот и Бизнис план за производство на пелети од слама во Општина Могила и пограничниот регион.

г) Софтвер (експертски системи) за проценка на приходите од користењето на слама за производство на пелети.

д) Серија обуки и јавна кампања за промоција и репликација на резултатите од (серија обуки, леток, постер, веб портал).

Очекуваме со реализацијата на овој проект во пограничниот регион да се поттикнат инвестициите во производство на пелети од слама, како и во инсталирањето на системи за греење погонувани на пелети од слама. Подготвените студии, бизнис план и анализа на пазарот, развиениот софтвер (експертски систем) и посебно пилот инсталацијата во Општина Могила ќе придонесат за мотивација на инвеститорите да се одлучат да инвестираат во системи за искористување на отпадната биомаса од земјоделството (посебно на отпадната слама). Исто така, применетиот принцип на учење преку гледање (со реализација на серија обуки на лице место – на локацијата на која функционира пилот инсталацијата во Могила) ќе овозможи успешна дисеминација на податоците за профитабилноста на инвестирањето во производство на пелети од слама.