Во пограничниот регион постои вообичаена перцепција дека сламата не може ефективно да се користи за производство на гориво од биомаса (пелети). Затоа, овој извор на енергија не се смета како сериозна опција за производство на пелети. Овој проект има намера да покаже дека сламата може да се преобрази од земјоделски отпад во енергенс (пелети) кој може да генерира дополнителен приходи за земјоделците и земјоделските претпријатија и значително да придонесе за економскиот развој на руралните подрачја во пограничниот регион.

Пазарот на слама е во моментов не е развиен во пограничниот регион. Сламата се балира и се користи главно за внатрешна потрошувачка на земјоделските фарми (како постелка за стоката, а во ретки случаи за исхрана на животни).

На пример, во Република Македонија 50% од сламата се собира од полињата и се користи како постелка на добитокот, што ќе биде забрането наскоро во согласност со регулативата на ЕУ за благосостојба на животните. Останатите количини обично се палат на теренот иако тоа е веќе забрането и се предвидени високи казни.

Во пограничниот регион на Република Македонија и Република Македонија количините на слама грубо се проценуваат на околу 1 милион тони (врз основа на годишните статистички податоци за производство на слама во двете земји, кои потоа се интерполирани за пограничниот регион). За производство на 1 тон на пелети е потребно еден тон слама. Значи, теоретски би можеле да се произведуваат 1 милион тони на пелети (цената на пелетите од слама на меѓународниот пазар е ~ 200 евра / тон + даноци). Но не само економските придобивки, исто така и придобивките за животната средина се големи: 2000 тони пелети може да заменат 1.000 тони мазут. Ова може да намали 250 тони емисија на CO2 во атмосферата од 1000 тони мазут. Значи ние промовираме во овој проект зелен економски развој на CBC-регион.

Целни групи на проектот се земјоделските претпријатија и индивидуалните земјоделци.

Со изградба на пилот инсталација за производствона пелети од слама и нивно користење за греење, ние сакаме да покажеме дека користењето на земјоделскиот отпад (сламата) за производство на пелети (јаглерод-неутрално гориво) е економски (и еколошки) оправдано и може да генерира значителни дополнителни приходи за земјоделците.

Исто така, овој проект сакаме да покажеме дека инвестирањето во котли за греење на пелети од слама исто така е остварлива и економски оправдано. Со поврзување на овие сегменти – производство на пелети од слама и потрошувачка на пелети од слама, ние имаме намера да го развиеме и пазарот на слама во пограничниот регион.