Биомасата е енергенс добиена од енергијата во растенијата и растителните материјали, како што се прехранбените култури, тревните и дрвенестите растенија, остатоците од земјоделство и шумарство, како и органските материи во комуналниот и индустриски отпад. Биомасата е обновлива енергија.

Биомасата е најголем извор на обновлива енергија во Соединетите Американски Држави. Во 2009 година, биомасата изнесува половина од потрошувачката на обновливите извори на енергија и учествува со 4,1% во вкупната потрошувачка на енергија на САД (Извор: Biomass Energy Data Book 2010, Oak Ridge National Laboratory). Во ЕУ, ситуацијата е уште подобра: Биомасата придонесува со 2/3 од вкупната потрошувачка во ЕУ на обновливи извори на енергија (Извор: Biomass Green Energy for Europe, Европска комисија 2010). Агендата 202020 на Европската унија (20% енергија произведена од обновливи извори на енергија до 2020 година) само ја зајакнува важноста на производството на енергенси од биомаса.

Светлата иднина на биомасата како енергетски извор, покрај на шумарството, му дава шанса и на земјоделството за генерирање на значителни дополнителни приходи од производство на гориво од биомаса – пелети и брикети од земјоделскиот отпад.