Концептот предложен во овој проект има за цел да придонесе кон руралниот економски развој во прекуграничниот регион na Република Македонија со Република Грција (во натамошниот текст “пограничниот регион”) преку промоција на користењето на земјоделски отпад (пред се слама) за производство на пелети.

Пограничниот регион е составен од Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион.

cbc-region

 

До денес, постојат неколку обиди за промоција на таквиот отпад во производство на биомаса, но без било какви значајни и широко-достигнувачки ефекти. Резултатите од овие проекти останале лимитирани, достапни само за мал круг на учесници во проектот, или биле ефективни само за ограничен број на високо мотивирани земјоделски претприемачи. За жал, овие резултати се недостапни за пошироката заедница на земјоделците, а тоа главно се должи на следниве причини:

  • подготвените студии се или премногу технички или академски, не се лесно разбирливи за просечен земјоделец,
  • резултатите од овие студии се премногу општи, и не даваат видливи одговори на одредени прашања за предностите што би ги добила секоја индивидуална фарма и што може да се искористи,
  • не се реализирани соодветни кампањи за промовирање на употребата на земјоделскиот отпад во процесот на производство на био-гориво и таргетирање на земјоделците,
  • постои недостаток на било какви повратни информации за ефектите од инсталациите.

Како резултат на сѐ претходно наведено, овој проект има за цел да воведе иновативен пристап за промоција на употребата на земјоделскиот отпад во процесот на производство на био-гориво.

Основата на иновативните мерки се состои од следново:

  • Ќе бидат поставени неколку пилот инсталации, што практично ќе ги покажат придобивките од користењето на отпадот, и исто така ќе има серија на студиски посети на фармите каде ќе бидат лоцирани овие инсталации, така што другите земјоделци, институциите за поддршка на земјоделскиот сектор, како и банките и кредиторските организации би можеле да бидат запознаени со придобивките од користењето на земјоделскиот отпад.
  • Мерни инструменти ќе бидат инсталирани на пилот инсталациите, кои ќе им овозможат на сите заинтересирани да читаат од далечина, преку интернет, за финансиските и еколошки ефекти од употребата на земјоделски отпад за производство на био-гориво (колку се произведува, колку може да се заштеди, колку би бил финансискиот приход).
  • Врз основа на подготвените студии, ќе се развие веб-базиран софтвер, кој ќе им овозможи на сите заинтересирани земјоделеци да добијат проценка за износот на заштеда што нивната фарма може да го постигне при употребата на нивниот отпад за производство на био-гориво, или за сумата што би можеле да ја заработат со продажба на произведеното био-гориво. Софтверот исто така ќе им помогне да се утврди нивото и видот на инвестиција потребни за употреба на отпад и производство на био-гориво, должината на периодот за враќање на инвестицијата, итн.